среда, 24 јуни 2026

Едно сценарио ги остава Босанците без нокаут фаза и при висока победа на СП

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина вечерва го игра клучниот натпревар против Катар на Светското првенство, а победа речиси сигурно носи место во нокаут фазата.

Објавено на

часот

Сподели

Според пресметките на фудбалскиот аналитичар Семир Зилиќ, шансите „змејовите“ да обезбедат пласман понатаму со триумф се дури 99%. Сепак, постои и минимална можност работите да се искомплицираат. Доколку Босна и Херцеговина слави со 3-0 или со три гола разлика, пласманот во следната рунда е загарантиран.

Сепак, ако победи со два гола разлика, ќе биде потребно да се исполни барем едно од следните сценарија:

  • Чешка да не загуби од Мексико
  • Бразил да ја победи Шкотска
  • Германија да остане непоразена против Еквадор
  • Јапонија да ја совлада Шведска
  • Египет да остане непоразен против Иран
  • Нов Зеланд да освои бод против Белгија
  • Шпанија да остане непоразена против Уругвај
  • Зеленортските Острови да останат непоразени против Саудиска Арабија
  • Узбекистан да не загуби од Конго
  • Гана да ја победи Хрватска

Во случај Босна и Херцеговина да победи со само еден гол разлика, тогаш ќе треба да се исполнат најмалку три од следните услови:

  • Чешка да не загуби од Мексико
  • Бразил да ја победи Шкотска
  • Австралија да не загуби од Парагвај
  • Германија да остане непоразена против Еквадор
  • Јапонија да ја совлада Шведска
  • Египет да остане непоразен против Иран или Нов Зеланд да освои бод против Белгија
  • Шпанија да остане непоразена против Уругвај или Зеленортските Острови да останат непоразени против Саудиска Арабија
  • Австрија да не загуби од Алжир
  • Узбекистан да не загуби од Конго
  • Гана да ја победи Хрватска

Математиката нуди различни комбинации, но пораката е јасна. Со победа над Катар, Босна и Херцеговина е на чекор до осминафиналето. Без триумф, настапот на Мундијалот ќе заврши уште во групната фаза.

Натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Катар се игра вечерва од 21:00 часот во Сиетл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ