среда, 24 јуни 2026

СДСМ бара од ДКСК да истражи дали Јанушев го пријавил целиот имот што бил должен да го пријави

ДКСК да го истражи скандалот со генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма, побара денеска портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ Богданка Кузеска. Од ВМРО-ДПМНЕ пак тврдат дека генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, никогаш не аплицирал за никакво друго државјанство, а не пак за бугарско, и не остварил приход од фирмата во Бугарија,

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што кажа Кузеска на денешната прес конференција, според документи објавени во медиумите, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е поврзан со компанија регистрирана во Бугарија.

„Бугарски капитал, фрима или ваква поврзаност не е наведена во неговите анкетни листови доставени до ДКСК. ДКСК не смее да биде нем набљудувач на скандалите на власта. ДКСК мора веднаш да отвори предмет, да ги провери сите факти, да ги побара сите документи и без одлагање да ја информира јавноста. Дали Игор Јанушев пријавил сѐ што бил должен да пријави согласно закон или криел? Законот предвидува и законска казна доколку се докаже дека криел удел во фирма и ќе мора да одговара“, рече Кузеска.

Бидејќи Јанушев го нема втор ден, дополни Кузеска, институциите се должни да ги дадат одговорите.

„Овој скандал го открива целото лицемерие на Мицкоски и ВМРО, целиот нивни лажен наратив. Тераат бизнис интереси во Бугарија, не чекаат како граѓаните со часови на граници а во исто време ја блокираат европската интеграција на Македонија и ги блокираат парите од ЕУ преку фондовите. Дали сега Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија?“, праша портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак тврдат дека генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, никогаш не аплицирал за никакво друго државјанство, а не пак за бугарско, и не остварил приход од фирмата во Бугарија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Од СДСМ да престанат со ширење лаги и да ја манипулираат јавностa и да се фатат за работа, во земјава е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која секојдневно измислува приказни. А ако веќе држат прес-конференции на темава, тогаш претседателот на СДСМ, Филипче, нека одговори за неговите неколку компании регистрирани во Бугарија, во Петрич“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ