среда, 24 јуни 2026

Селекторот на Гана: Има ли ВАР на СП? Мислев дека заминале на кафе…

Селекторот на Гана, Карлос Кеироз, не го криеше незадоволството од судиските одлуки по ремито без голови против Англија во второто коло од Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Најголемата дилема на натпреварот се случи во второто полувреме кога Езри Конса стартуваше врз Принс Аду во шеснаесетникот, но ниту главниот судија, ниту ВАР-собата не покажаа на белата точка.

По натпреварот, искусниот стратег со иронија ја коментираше работата на видео-технологијата.

Не сум сигурен, дали ВАР работи на Светското првенство? Имам свој став за тоа. Мислам дека тоа беше чист пенал за Гана против Англија. Со нашите шанси во вториот дел, на крајот треба да бидат среќни за бодот и за тоа што ВАР-судиите беа на кафе. Нормално е, и јас сакам од време на време да си одморам со кафе. Немам сомнеж, ова за мене е чист пенал и црвен картон. На крајот, резултатот е фер. Повеќе ја имаа топката, имавме и ние свои шанси, па на крајот треба да сме задоволни со резултатот“, изјави Кеироз.

И покрај критиките кон арбитражата, селекторот призна дека конечниот исход е реален според случувањата на теренот. По две одиграни кола и Англија и Гана имаат по четири бода, па во последната рунда сами ќе решаваат за својата судбина во борбата за место во осминафиналето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ