среда, 24 јуни 2026

Модриќ направи нешто кое им успеало само уште на тројца фудбалери (ВИДЕО)

Хрватска ја оствари првата победа на Светското првенство откако со гол на Будимир ја совлада Панама со 1-0, овој меч беше во знакот на Лука Модриќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За Лука Модриќ ова беше јубилеен 200. натпревар за хрватската репрезентација, бројка до која стингале многу малку фудбалери. Покрај него тоа им успеало само уште на Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Бадер Ал-Мутава од Кувајт.

Модриќ за Хрватска дебитираше во 2006 година во Базел на пријателски меч против Аргентина. Оттогаш поминаа 20 години низ кој се промовираше во најдобар хрватски фудбалер на сите времиња.

По вчерашниот меч против Панама, соиграчите од репрезентацијата го фрлаа Модриќ на раце изразувајќи ја почитта кон нивниот капитен и неговиот голем јубилеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ