среда, 24 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека Филипче подготвува нови национални отстапки за да дојде на власт

Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, претседателот на СДСМ, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата велат дека наместо Филипче да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки.

„СДС не се однесува државнички. СДС и Филипче капитулираат пред бугарските барања. Тоа е истата стара матрици на однесување на СДС. Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот. Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста. Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт“, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека партијата останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на уцени, преговори и политичка трговија.

„Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок“, категорични се од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ