среда, 24 јуни 2026

Дали треба да пиете топли пијалаци во жешко време?

Додека Велика Британија се подготвува за исклучително топло време, а метеоролозите најавуваат црвен аларм за денес и утре и можно рушење на јунските рекорди, многумина ќе посегнат по вообичаени методи за разладување – од спуштање на ролетните до сладолед. Сепак, спротивно на популарното верување, решението би можело да се крие во топла шолја чај или кафе, пренесува англискиот портал Експрес.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како топол пијалак го лади телото

Истражување кое во 2012 година го спроведоа научници од Универзитетот во Отава го испитуваше влијанието на конзумирањето на топли напитоци врз телесната температура. Наодите покажале дека топлите напитоци навистина можат да ве разладат, но само во суви услови. Д-р Оли Џеј, еден од авторите на студијата, го објаснил механизмот. „Ако пиете топол напиток, вашето тело ќе складира помалку топлина, но само ако дополнителната пот произведена од топлиот напиток може да испари“, изјавил тој за списанието Смитсонијан.

Во суштина, кога консумирате топол пијалак, се потите повеќе. Ако таа пот може да испари од површината на кожата, тоа ефикасно ве лади до степен што ја надминува дополнителната топлина што сте ја додале на вашето тело со течноста.

Кога овој метод не функционира

Сепак, во влажни услови, овој механизам за ладење станува помалку ефикасен, што значи дека топлите пијалаци нема да ви помогнат да се разладите. „Во многу топол и влажен ден, ако носите многу облека или се потите толку многу што вашата пот почнува да капе на земјата и не испарува од површината на вашата кожа, тогаш пиењето топол пијалак е лоша работа“, објасни д-р Џеј. „Топол напиток сепак додава топлина на телото, па ако потењето не помага со испарувањето, посегнете по ладен напиток.“

Клучната порака е дека во топли и суви услови, консумирањето топол пијалак може да ви помогне да се разладите, додека во влажна средина е многу подобро да посегнете по нешто ладно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ