„Да не постоеја проектилите кои ги имаме за своја одбрана, Израел и Соединетите Американски Држави ќе го срамнеа Иран со земја исто како Газа, не покажувајќи милост ни кон старите ни кон младите“, кажа тој за време на посетата на Пакистан, кој има важна посредничка улога во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон за траен крај на војната на Блискиот Исток.
„Никогаш, под никакви околности, нема да преговараме со никого за нашите одбранбени капацитети“, додаде тој.
Пред почетокот на војната, САД настојуваа да го вклучат прашањето за балистичките ракети, како и поддршката што Техеран им ја дава на вооружените сојузнички групи во регионот, во преговорите за нуклеарната програма на Иран.
Во последните денови американскиот претседател Доналд Трамп остави впечаток дека го омекнал својот став по прашањето за иранските ракети. „Велам дека е малку неправедно тие да ги немаат, ако другите земји ги имаат“, рече тој минатата недела на самитот на Г7 во Франција.






