Стручњаците нагласуваат дека најважниот чекор е секојдневната заштита од сонце. Користењето креми со заштитен фактор од СПФ 30 до 50 спречува понатамошно затемнување на постојните пеги и формирање на нови.
Меѓу природните методи што често се користат, се издвојува алое верата, која ја смирува кожата и може постепено да ги осветли темните дамки, потоа зелениот чај, кој е богат со антиоксиданти и куркумата, која традиционално се користи во форма на маски за изедначување на тенот. Разредениот јаболков оцет и сокот од лимон исто така се спомнуваат како природни средства за белење, но со претпазливост поради можна иритација на кожата.
Покрај природните пристапи дерматолозите често препорачуваат состојки како витамин Ц, ниацинамид и алфа-арбутин, за кои е докажано дека се ефикасни во намалувањето на пигментацијата.
Иако резултатите не доаѓаат преку ноќ, редовната и правилна нега на кожата може да доведе до видливо подобрување со текот на времето. Во случај на ненадејни промени на кожата, се препорачува дерматолошки преглед.






