среда, 24 јуни 2026

Руте кај Трамп, ќе се обиде да го спаси НАТО пред клучниот самит

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој се обидува да ги намали тензиите во рамките на западниот воен пакт пред самитот во јули, денес ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, јавуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фокусот на нивниот разговор ќе бидат очекувањата на Вашингтон од самитот на НАТО во јули, а особено американското барање за забрзано зголемување на европските воени капацитети. Самитот ќе се одржи на 7 и 8 јули во Анкара и ќе ги собере лидерите на 32-те земји-членки на алијансата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски е поканет како гостин.

Се очекува Руте и Трамп да разговараат и за растечките тензии во рамките на алијансата по недостигот од поддршка од земјите-членки за американската воена кампања против Иран.

Високи американски претставници, вклучувајќи го министерот за одбрана Пит Хегсет и министерот за надворешни работи Марко Рубио, ги опишаа позициите на сојузниците како „срамни“ и сигнализираа можна ревизија на односот на Вашингтон со НАТО.

Средбата е можност за Руте да ги намали тензиите пред самитот и да го намали ризикот од јавна конфронтација меѓу Трамп и другите лидери на алијансата.

Клучното прашање е какви ветувања се подготвени да понудат европските сојузници и Канада за да ги задоволат американските барања, пишува германската агенција ДПА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ