среда, 24 јуни 2026

Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на Украина и Молдавија со ЕУ

Унгарија не дава согласност за клучен процедурален чекор неопходен за забрзување на преговорите за пристапување со Украина и Молдавија, изјавиле за Политико двајца дипломати од Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На 15 јуни Европската Унија официјално го отвори првото поглавје од преговорите со Украина и Молдавија, по што вицепремиерот на Украина Тарас Качка кажа дека целта на Киев е да ги отвори сите шест кластери до средината на јули.

Тоа сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера беше единствената членка на ЕУ што се спротивстави на испраќањето писмо до Европскиот совет и Европската комисија со предлогот, по што беше објавено дека за него повторно ќе се дискутира следната недела.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но инсистираше зборовите „што е можно поскоро“, кои се однесуваа на членството на Украина во ЕУ, да бидат избришани од писмените заклучоци од состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел, кој се одржа минатата недела.

На прес-конференција на крајот од состанокот на Европскиот совет минатата недела, Маѓар посочи дека не се согласува со предлогот за забрзување на преговорите со Украина.

„Постојат шест кластери и не мислам дека отворањето на сите шест одеднаш е добра идеја – делумно затоа што мастилото на првиот сè уште не е исушено, а делумно затоа што тоа би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат за членство во ЕУ“, порача Маѓар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ