среда, 24 јуни 2026

Универзитетскиот професор Владо Бучковски е новиот претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ

Професорот Владо Бучковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е избран за претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Во образложението на одлуката што УИКМ ја објави на официјалната платформа Инстаграм пишува дека изборот, бил направен на денешната конститутивната седница на новиот состав на Универзитетскиот сенат.

Мандатот на новиот состав на Сенатот е три години, а на претседателот, во случајот Бучковски ќе трае една година.

Владо Бучковски е редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот 2004-2006 година беше министер за одбрана и претседател на Владата на Република Македонија.

Во 2008 година Бучковски беше осуден за злоупотреба на службената положба и овластувањата во врска со набавка на тенковските делови за потребите на македонската армија.

Универзитетскиот сенат е највисок стручен и управувачки орган на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и функционира како дел од универзитетската структура на УКИМ. Универзитетскиот сенат носи одлуки за прашања поврзани со наставата, научноистражувачката работа, развојот и функционирањето на универзитетската заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ