Од таму посочуваат дека правичната и соодветна застапеност добива законско решение, дека се реализираат мерки преку Оперативниот план за вработување, како и дека се работи на деблокирање на проектот за автопатот Скопје–Блаце и на изградбата на Коридорот 8.
Влен наведува и дека се обезбедени 100 милиони евра за повеќе од 1.200 проекти во општините, како и дека се преземени чекори за решавање на статусот на медресантите, официјализирање на три факултети и инвестиции во кампусот „Мајка Тереза“.
„Сонцето не може да се скрие со сито. Тие го користеа Охридскиот договор за да ги полнат своите џебови, а ние градиме во општини, носиме закони и нудиме решенија“, порачаа од Влен.






