„ДЗС апелира до граѓаните кога ќе пронајдат гранати, бомби, пушки, муниција и слични оружја од минатите војни, во природата или пак и во урбани населби, да не ги поместуваат туку веднаш да се јават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, по што Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во соработка со МВР, МО и со други служби и институции, соодветно и согласно стандардните оперативни процедури (СОП за НУС) ќе ја отстрани опасноста за граѓаните“, рече Ангелов.
Ангелов: Уништени се две хемиски гранати со екстремно отровен боен отров, граѓаните да внимаваат
Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), денеска на прес-конференција информираше за уништувањето на две хемиски гранати од 75 милиметри, со екстремно отровен боен отров – неексплодираните убojни средства (НУС) со хемиско полнење од Првата светска војна.

Објавено на
часот





