„Не се повлекуваме!“, рече Израел Кац.
Израелската војска минатата недела соопшти дека нема планови за повлекување од Либан во скоро време и објави ажурирана мапа на „Безбедносната зона“ на југот од земјата, каде што се наоѓаат израелските трупи.
Оваа зона се протега по целата граница меѓу Либан и Израел и влегува 10 километри длабоко во либанската територија.
„Израелските сили се распоредени во Безбедносната зона, приближно 10 километри на територијата на Либан, поради оперативни потреби. Израелските војници ќе продолжат да ги елиминираат заканите и да ја зајакнуваат одбраната на жителите на северен Израел“, соопшти израелската армија на социјалната мрежа Икс.
Министерот за одбрана на конференција во Тел Авив изјави дека нема да биде дозволено враќање на 200.000 Либанци раселени од југот на земјата поради претходните напади врз израелските трупи во безбедносните зони каде што имало и цивилно население.






