среда, 24 јуни 2026

Во Франција потврден првиот случај на ебола

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на тековната епидемија, откако лекар кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго) бил позитивен на тестот за вирусот.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Француското Министерство за здравство соопшти дека лекарот се вратил од хуманитарна мисија, пренесува Скај њуз.

Пациентот е ставен во изолација, а надлежните служби ги следат и идентификуваат сите лица кои биле во контакт со него, соопшти министерството, додавајќи дека ризикот за пошироката европска популација е низок.

Според Светската здравствена организација (СЗО), епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, во која се заразени повеќе од 1.000 лица и починале најмалку 267, забележа најголем број потврдени случаи во првиот месец од епидемијата во споредба со сите претходни епидемии.

Бројот на потврдени случаи на ебола во ДР Конго се искачи на 1.094, вклучувајќи 277 смртни случаи, покажаа податоците на владата објавени во вторникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ