петок, 26 јуни 2026

Извлечена ждрепката за Вимблдон: Синер и Ѓоковиќ на иста страна на костурот

Ждрепката за Вимблдон ги одреди двојките за првото коло, како и можниот пат на главните фаворити до завршницата на турнирот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бранителот на титулата Јаник Синер ќе стартува против Миомир Кецмановиќ, додека Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе игра со Јибинг Ву. Доколку двајцата ги оправдаат очекувањата понатаму во турнирот, ќе се сретнат во полуфиналето.

Во долниот дел од ждрепката се наоѓа вториот носител Александер Зверев, кој турнирот ќе го отвори со меч против Александер Блокс. Германецот е на спротивната страна од Синер и Ѓоковиќ, па со нив може да се сретне дури во евентуалното финале.

Главната фаза на Вимблдон започнува на 29 јуни на тревните терени во Лондон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ