Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против З.Б.(27) од Гостивар.
Според информациите, на 19 јуни годинава на улицата „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што тој фрлил кеса со бела прашкаста материја.
По преземени мерки и извршен претрес во неговиот дом, полицијата пронашла и одзела кокаин и марихуана.
Против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава.






