Според информациите од СВР Штип, ноќеска во 01:20 часот на улицата Славчо Стоименски во Виница, полициски службеници од ОВР Виница извршиле сообраќајна контрола при што запреле патничко возило „Сеат Ибица“ без регистарски таблички.
По извршените проверки било утврдено дека возачот Б.А. (27) од село Градец го управувал возилото без возачка дозвола. Дополнително, алкотестирањето покажало дека имал 2,43 промили алкохол во организмот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






