„На 23.06.2026 во 12:23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во сопствената адвокатска канцеларија во Куманово е пронајдена почината С.З.П. од Куманово“, соопшти полицијата.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.






