четврток, 25 јуни 2026

Кривична пријава за 20-годишник од тетовско, со метален предмет оштетил возила и куќа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.М.(20) поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство“.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 25 март годинава во тетовското село Камењане, каде пријавениот со употреба на метален предмет предизвикал материјална штета.

Тој оштетил ветробрански стакла на две патнички возила, а ги искршил и прозорците од една семејна куќа.

По преземените мерки и расчистувањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ