Македонскиот шампион нема да може да се сретне со Целје, Криенс-Луцерн, Кристијанштад, Архус и Партизан, бидејќи сите овие екипи се наоѓаат во истиот шешир. Тоа значи и дека нема да има дуел со Партизан на Раул Гонзалез во групната фаза.
Шешир 1: Алборг, Барселона, Нант, Магдебург, Веспрем, Спортинг Лисабон.
Шешир 2: Монпелје, ПСЖ, Фуксе Берлин, Мелсунген, Пик Сегед, Кјелце.
Шешир 3: Загреб, ГОГ, Колштад, Висла Плоцк, Порто, Динамо Букурешт.
Шешир 4: Вардар, Архус, Целје, Партизан, Криенс-Луцерн, Кристијанштад.
Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите ќе се одржи в петок со почеток од 11:00 часот.






