четврток, 25 јуни 2026

Мексико со три победи до нокаут фазата, историја за Јужна Африка (ВИДЕО)

Мексико ја победи Чешка со 3-0 и со максимални три победи го освои првото место во групата, во директен дуел за втората позиција Јужна Африка со 1-0 ја победи Јужна Кореја и за првпат во својата историја ќе игра во елиминациска фаза на Светско првенство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Отпорот на Чешка траеше во првото полувреме, а по десет минути во вториот дел беше отворен натпреварот со гол на Чавез Гарсија.

Само шест минути подоцна Кинонес зголеми на 2-0, а во судиското продолжение од мечот Фидалго даде гол за конечни 3-0.

Масеко беше херојот на Јужна Африка, со негов гол во 63. тие ја победија Јужна Кореја со 1-0 и се пласираа во следната фаза од Мундијалот, за првпат во својата историја ќе играат во елиминациската фаза.

Мексико го освои првото место во групата со максимални девет бодови, Јужна Африка е втора со четири, Јужна Кореја има три и ќе чека да види дали како една од најдобрите осум третопласирани ќе оди понатаму, Чешка е елиминирана како последна со само еден освоен бод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ