четврток, 25 јуни 2026

Софија негира дека дистрибуиралe дипломатска нота за патување на семејството на Мицкоски

Министерството за надворешни работи нa Бугарија демантира дека ја дистрибуирале дипломатската нота поврзана со посетата на земјата на членови на семејството на македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота или друга
официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членови на семејството на официјален претставник на друга земја. Информациите што циркулираат во јавноста во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани од далечното минато. Во моментов,
оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна закана за безбедноста на граѓаните на Бугарија или друга земја. Министерството за надворешни работи придава големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и строго ги почитува утврдените меѓународни правила и практики во оваа област“, реагираа од бугарското министерство.
Бугарскиот амбасадор во Македонија вчера беше повикан во Министерството за надворешни работи на Македонија поради јавното објавување на дипломатска нота што содржеше информации за членови на семејството на Мицкоски кои го посетиле Пампорово. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, го оцени случајот како неприфатлив во односите меѓу двете земји и побара извинување и брза реакција од бугарските институции. Тој нагласи дека семејствата на странските функционери често престојуваат во Северна Македонија, но досега немало случај таков документ да биде објавен.
За овој случај Мицкоски изјави дека веќе ги информирал партнерите на Македонија во НАТО бидејќи со објавувањето на дипломатската нота, како што кажа, се загрозува безбедноста на неговото семејство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ