среда, 24 јуни 2026

Рубио: САД нема да ја загрозат безбедноста на сојузниците од Персискиот Залив во преговорите со Иран

Соединетите Американски Држави нема да преземат чекори што би ја загрозиле безбедноста на нивните сојузници во регионот на Персискиот Залив во рамките на преговорите со Иран, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе бидеме целосно усогласени со нашите партнери во Персискиот Залив. Нема да направиме ништо што би ја поткопало безбедноста на нашите долгогодишни сојузници во регионот“, им рече Рубио на новинарите во Кувајт пред заминувањето за Бахреин, пренесе Ројтерс.

Рубио е во посета на три заливски држави со цел да ги увери регионалните сојузници дека предложениот мировен договор со Иран нема да ги загрози нивните интереси.

Некои земји од регионот сметаат дека договорот постигнат минатата недела е премногу благ кон Техеран.

По разговорите со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Рубио се сретна со кувајтски претставници, а потоа отпатува за Бахреин.

Договорот меѓу САД и Иран, прв потпишан од американски и ирански претседател по Исламската револуција во 1979 година, предвидува формирање фонд вреден 300 милијарди американски долари и ублажување на дел од санкциите против Иран.

Рубио изјави дека двете страни почнале технички преговори за спроведување на договорот и најави дека тие ќе продолжат кон крајот на месецот, најверојатно во Швајцарија.

„Ако Иран сака добар и вистински договор, САД се отворени за тоа. Ако не сака, претседателот има други опции“, порача Рубио.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ