среда, 24 јуни 2026

Екстрадиран Саит Саитов, момчето што прегази жена во Капиштец, па избега во Србија

Деветнаесетгодишниот  Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во Македонија, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година. На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден во затвор Скопје за понатамошна постапка“, информираа од МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ