среда, 24 јуни 2026

„Картелот на браќата Вучиќ“ ја контролира медиумската сцена, обвинува српската опозиција

Потпретседателката на српската Странка на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, денес претстави документ за кој тврди дека открива на кој начин „картелот на браќата Вучиќ“ управува со медиумската сцена во Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференција во Собранието на Србија, Тепиќ изјави дека станува збор за материјал што укажува на пропагандните активности и подготовките за собирот на Српската напредна странка (СНС), закажан за в сабота во Белград, како и на координирано насочување на медиумските содржини од еден центар.

„Да немате никаква дилема дека на ист начин се управува и со ризичните и за власта чувствителни теми, како што се звучниот топ и падот на настрешницата, бидејќи станува збор за последица на психопатологијата на вечниот министер за информирање Александар Вучиќ“, изјави Тепиќ, а пренесе ССП.

Таа оцени дека документот, кој содржи редакциски план и структура на содржини, покажува модели што наликуваат на планирање на работата на редакција, но отвора прашање зошто една редакција би имала план на политичка партија.

Според Тепиќ, истиот модел се користи и за управување со сите други теми во јавноста.

„Така се управува со сите останати теми, така спин-диктаторот управува со оваа земја и затоа медиумите не се само алатка за одржување на сопствениот рејтинг, туку и палка за дисциплинирање на непослушните или професионалните новинари, студентите, граѓаните, опозицијата и сите критичари на власта“, изјави потпретседателката на ССП.

Тепиќ не објави дополнителни детали за потеклото на документот, но најави дека јавноста ќе биде запознаена со неговата содржина. Владејачката Српска напредна странка и претседателот Александар Вучиќ засега не се огласија по повод обвинувањата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ