среда, 24 јуни 2026

Пекол во Италија: Вклучен црвен аларм, има жртви (ВИДЕО)

Земјоделец почина од топлотен удар во Италија, додека Министерството за здравство прогласи највисоко, црвено ниво на тревога во 16 градови низ земјата поради екстремен топлотен бран.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Земјоделецот Џ.В. (57) бил пронајден во бессознание на поле во близина на Лоди, а по итна интервенција на медицинските работници од Црвениот крст била констатирана смрт, пренесува Република.

Италијанското Министерство за здравство денес прогласи црвена тревога за 16 од своите 27 најголеми градови, што е највисоко ниво на тревога, поради екстремните температури и топлотниот бран што ја погодија земјата и поголемиот дел од Западна Европа, објави Анса.

Латина им се придружи на 15-те градови кои веќе беа во црвена тревога во средата: Анкона, Болоња, Болцано, Бреша, Фиренца, Фросиноне, Милано, Перуџа, Пескара, Риети, Рим, Торино, Верона, Венеција и Витербо.

Според најавите, во четврток Министерството ќе прогласи црвено ниво на тревога во градот Бари, пренесува Анса.

Системот за тревога на Министерството за здравство има три нивоа покрај нултото: зелено (нема предупредување), жолтото ниво претставува почетен степен на предупредување. Второто, портокалово ниво, покажува дека временските услови може да го загрозат здравјето на ранливите групи, како што се постарите и хронично болните.

Црвеното ниво (трето) стапува на сила во моментот кога екстремната топлина станува опасна за здравјето на целата популација, а не само на чувствителните групи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ