среда, 24 јуни 2026

Прво именување на в.д. градоначалник, па Собранието ќе распише вонредни избори во Брвеница

По смртта на градоначалникот на Општина Брвеница Јовица Илиевски, Советот на општината треба да свика седница за избор на вршител на должноста претседател.

Објавено на

часот

Сподели

Според Законот за локална самоуправа, во случај на смрт на градоначалникот, Советот на општина Брвеница е обрвзана да свика вонредна седница на која советниците ќе треба со мнозинство гласови да изберат еден од членовите на Советот, за вршител на должноста (в.д.) градоначалник.

В.д. градоначалникот ќе ја води општината, со што услугите за граѓаните, платите на администрацијата и теренските проекти ќе продолжат без прекин.

Со оглед на тоа што од почетокот на мандатот на покојниот градоначалник Јовица Илиевски не е помината ниту една година, според законот, Собранието мора да распише вонредни локални избори откако ќе добие известување од Министерството за локална самоуправа и Владата.

На овие избори, кои ќе ги организира Државната изборна комисија (ДИК), жителите на Брвеница ќе гласаат за нов градоначалник, кој ќе има легитимен мандат да ја води општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ