среда, 24 јуни 2026

Ѓорческа ја мина и втората пречка во квалификациите на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со пресврт ја победи Португалката Франциска Жорге со 2-1 (5-7, 6-2, 6-1) во сетови и се пласираше во третото и последно квалификациско коло за Вимблдон.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа ја мина и втората пречка во квалификациите за главниот турнир на Вимблдон.

Лина го загуби првиот сет со 5-7, но во следните два го крена нивото, ги доби со убедливи 6-2 и 6-1 и дојде до важната победа.

Во последното квалификациско коло Ѓорческа ќе има силна противничка, 27-годишната италијанска тенисерка Луција Бронзети која е 127. тенисерка на ВТА листата, за речиси 100 позиции подобра од Лина во овој момент.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ