среда, 24 јуни 2026

Македонија потпиша договор со ЕУ за реформи во здравството по европски терк

Министерот за здравство Азир Алиу и еврокомесарот за здравство Оливер Вархеј, денеска во Брисел потпишаа договор за учество на Македонија во ЕУ4Хелт (EU4Health), најголемата програма на Европска Унија (ЕУ) во областа на здравството.

Објавено на

часот

Сподели

На свеченото потпишување, како што соопшти Министерството за здравство, министерот Алиу оцени дека пристапувањето кон ЕУ4Хелт претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство и потврда дека реформските процеси во земјата се движат во согласност со европските стандарди и приоритети.

„Со потпишувањето на договорот, нашата држава станува дел од европските напори за зајакнување на здравствените системи, унапредување на јавното здравје, дигитализација на здравствените услуги, подобрување на подготвеноста за здравствени кризи и обезбедување поквалитетна здравствена заштита за граѓаните. Ова не е само пристапување кон една европска програма, туку инвестиција во подобри здравствени услуги, посилни институции и подобри услови за пациентите и здравствените работници. Со ЕУ4Хелт, нашите реформи добиваат дополнителна европска поддршка, знаење и партнерства“, нагласи во своето обраќање министерот Алиу.

Тој посочи дека денешното потпишување е важен сигнал дека Македонија не само што ја декларира својата европска определба, туку ја претвора во конкретни политики и конкретни можности за граѓаните.

Учеството во програмата ќе овозможи македонските здравствени институции и експерти да се вклучат во европски мрежи, заеднички проекти и иницијативи насочени кон подобрување на здравствените политики и услуги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ