среда, 24 јуни 2026

Мерц: Европската поддршка за Украина останува непоколеблива

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ја предупреди Русија дека Украина останува силна и дека европската поддршка е непоколеблива.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој го изјави ова во Берлин, каде што беше домаќин на собир на кој присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон, како и претставници од Полска, Италија и Обединетото Кралство, во рамките на подготовките за самитот на НАТО на почетокот на јули.

„Германската федерална влада предлага како европски сојузници во НАТО да му обезбедиме на Киев силна финансиска поддршка. Пораката до Русија е следна – Украина останува силна, европската поддршка е непоколеблива“, изјави Мерц пред новинарите, објавија француските медиуми на социјалните мрежи.

Германскиот канцелар рече дека постои обединување на трансатлантско ниво и изрази надеж дека Москва ќе извлече заклучоци од ова.

„Време е да започнат мировни преговори“, додаде Мерк.

Макрон го повтори истиот став и го поздрави моментот на „повторно усогласување помеѓу Европејците и Американците“ на неодамнешниот самит на Групата на седум најразвиени индустриски земји – Г7 во Франција.

„За прв пат по 18 месеци, сите членки на Г7 заедно го потпишаа истиот текст, а Американците, заедно со нас, изразија поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, потсети Макрон.

Самитот на НАТО е планиран во Анкара на почетокот на јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ