четврток, 25 јуни 2026

Силни земјотреси ја погодија Венецуела: Најмалку 32 загинати (ВИДЕО)

Два силни земјотреса со интензитет од 7,5 и 7,2 степени според Рихтер ја погодија Венецуела синоќа. Првиот земјотрес, со интензитет од 7,2 степени според Рихтер, беше во Сан Фелипе, во државата Јаракуј, објави Би-би-си. Бројот на жртвите расте.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Само 39 секунди подоцна, се случи уште посилен земјотрес, со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил почувствуван и во главниот град на Венецуела, Каракас, каде што се урнале згради.

Според последните информации, најмалку 32 лица загинале, додека 700 се повредени. Десетици згради беа урнати.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, денеска прогласи вонредна состојба. Зборувајќи на државната телевизија, Родригез изрази сочувство до семејствата на жртвите, но не даде детали за бројот на жртвите, пренесе Каракас хроникл.

Веднаш по разорните земјотреси, се огласи американскиот претседател Доналд Трамп, кој во објава на својата социјална мрежа Трут соушл напиша дека Соединетите Американски Држави се подготвени и способни да помогнат во санирањето на последиците од земјотресот во Венецуела.

„Им наредив на сите агенции на нашата влада да се подготват за брза акција. Ќе бидеме таму за нашите нови и одлични пријатели. Првите извештаи не се добри“, рече Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ