четврток, 25 јуни 2026

Трамп тврди дека спречил Турција да влезе во војна на Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, наведувајќи дека тој лично го убедил да не се приклучува во војната на страната на Иран, а воедно најави и можно одмрзнување на испораката на борбени авиони Ф-35 за Турција.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во обраќањето до новинарите во Овалната соба, Трамп изјави дека Ердоган е „главен кандидат“ за влез во конфликтот, првенствено поради неговиот однос со Израел.

“Тој беше главен кандидат да влезе во војна со Иран, можеби на страната на Иран, затоа што не е голем љубител на Израел. Му реков да остане на страна. И остана на страна”, рече американскиот претседател.

Сепак, американските медиуми објавуваат дека Турција претходно не покажала никакви знаци дека планира да влезе во војната на страната на Иран и дека турските сили во еден момент биле под ирански оган. Сепак, Трамп продолжи позитивно да зборува за турскиот лидер.

„Ердоган е голем лидер, многу силна личност… Сè што некогаш сум побарал од него, тој го направил“, рече Трамп.

На прашањето за можна голема продажба на оружје на Турција, вклучувајќи и авиони Ф-35, Трамп рече дека постои можност за договор.

„Мислам дека да… Веројатно ќе направам нешто што ќе го направи многу среќен“, рече тој.

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, објасни дека за таква одлука ќе бидат потребни законски процедури и одобрение од Конгресот, по што Трамп повтори дека очекува прашањето да биде решено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ