Особено значајни резултати, како што се наведува, се покажуваат кај пациентите со карцином на мочниот меур, каде што раното откривање на ризикот од рецидив може да придонесе за подобар исход од лекувањето.
„Тестот не поставува дијагноза сам по себе, но претставува важна алатка за попрецизно и персонализирано следење на пациентите. Иднината на онкологијата е во персонализираната медицина – вистински третман за вистинскиот пациент во вистинско време“, стои во објавата на Клиниката.






