четврток, 25 јуни 2026

Утре и во сабота делови од Карпош без вода

Без вода за пиење ќе бидат корисници на општина Карпош во текот на утрешниот ден и во сабота, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Од Јавното претпријатие ‘Водовод и канализација’ добивме известување дека утре (петок), поради санација на два затварачи од ф – 400 и ф – 500 мм, доколку постојат технички услови, во периодот од 18 часот, па до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Парапунов, како и дел од корисниците од улиците Разловечко востание и Вич. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува кај 12 часот на 27 јуни (сабота). Доколку не бидат исполнети техничките предуслови, интервенцијата се одложува за наредниот период“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ