четврток, 25 јуни 2026

Предлог-закон, електрични тротинети ќе можат да возат само полнолетни лица и не побрзо од 20 км/ч

Пред членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска е предлог законот за изменување и дополнување на Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка. Со овој предлог се предвидува минимална возраст од 18 години за управување со „лесно електрично возило“ – мопеди, електрични тротинети и мотоцикл.

Објавено на

часот

Сподели

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вчера на образложението на предлог-законот нагласи дека со законските измени се врши суштинска интервенција во однос на дозволената брзина со која се движат лесните електрични возила, односно се предвидува максимална брзина од 20км/ч, согласно препораките на Европската унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип на возила. Тој соопшти дека се заострува казнената политика за сторителите на прекршоците предвидени во законот, а во конкретни случаи покрај изречената глоба се предвидува и одземање на возилото – возење од малолетен возач, пречекорување на дозволена брзина, превезување на друго лице, возење под дејство на алкохол, во времетраење од 30 дена.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која е и предлагач на измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, велат дека можеби мерките се поригорозни, меѓутоа за две години над 2.000 сообраќајки биле со тротинети и електрични мопеди, а 46 лица загинале токму од несреќи од овие возила. Од повредените, најголемиот дел биле малолетни деца. Статистиката на МВР покажува дека во првата половина на 2026-та има над 30 сообраќајки со електрични тротинети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ