четврток, 25 јуни 2026

Откриен досега непознат град на Маите во Мексико (ФОТО)

Археолошки тим предводен од Иван Шпрајц, словенечки научник и специјалист за културата на Маите од Истражувачкиот центар на Словенечката академија на науките и уметностите, откри досега непознат град на Маите длабоко во џунглата на југоисточен Мексико.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Голем урбан центар е откриен на локалитет во џунгла кој останал скриен под густа вегетација повеќе од еден милениум, пренесува агенцијата СТА.

Теренското истражување беше одобрено од Археолошкиот совет на Националниот институт за антропологија и историја, а откритието е особено значајно бидејќи е првото наоѓалиште на Маите во тој дел од полуостровот Јукатан.

Градот, кој се протега на 15 хектари, има плоштади опкружени со палати и храмови, пирамида висока 13 метри, земјоделски тераси, канали за управување со вода и многу споменици изработени од камен.

Населбата првпат беше откриена со помош на ЛиДАР технологија, која може да открие закопани структури под шумска покривка користејќи ласерски импулси.

Дополнителните теренски истражувања потврдија постоење на голем урбан центар скриен од густа тропска џунгла.

„Минанбе навистина се наоѓа во средината на исклучително густа џунгла“, изјави Шпрајц за СТА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ