четврток, 25 јуни 2026

Зошто многумина се будат помеѓу два и четири часот наутро?

Сè повеќе луѓе се будат среде ноќ, најчесто помеѓу два и четири часот наутро, експертите предупредуваат дека причината може да биде стрес, лоши навики за спиење, хормони или здравствени проблеми.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Податоците од британските истражувања покажуваат дека 88 проценти од испитаниците се будат барем еднаш во текот на ноќта, додека 69 проценти од нив најчесто се будат помеѓу 2 и 4 часот наутро. Дополнителен проблем е што на 61 процент од луѓето им е тешко повторно да заспијат, па затоа прекинувањето на сонот често се претвора во исцрпувачка навика, објави Метро.

Докторката Дебора Ли вели дека стресот и анксиозноста се меѓу главните причини за будење ноќе. Објаснува дека кортизолот, хормонот на стрес, природно расте во раните утрински часови, но кај луѓе кои се под долготраен притисок може да се зголеми порано и нагло. Тоа го отежнува повторното заспивање и создава циклус на прекинат одмор.

Лошите навики, како што се нередовното време за спиење, прераното легнување или користењето на телефонот пред спиење, исто така можат да го влошат проблемот. Стефани Ромишевски, специјалист за физиологија на спиењето, советува да станувате во исто време секој ден и да си легнувате само кога ќе почувствувате поспаност.

Меѓу можните причини се и пад на шеќерот во крвта, консумирање алкохол, хормонални промени за време на менопаузата, перименопаузата и бременоста, како и состојби како што се апнеа, рефлукс, депресија, синдром на немирни нозе или хронична болка.

Доколку проблемот трае повеќе од три месеци или е придружен со други симптоми, експертите препорачуваат посета на лекар и, доколку е потребно, лекување на несоницата со когнитивно-бихејвиорална терапија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ