четврток, 25 јуни 2026

Мерц: Русија нема да победи

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на итни разговори за прекин на војната во Украина, велејќи дека е време да се „запре убивањето“. Зборувајќи на конференцијата посветена на обновата на Украина во полскиот град Гдањск, Мерц кажа дека Европа и НАТО се подготвени дополнително да го зголемат притисокот врз исцрпената руска економија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русија нема да ја добие оваа војна“, порача тој. „Дојде време да почнат преговори, да се замрзне линијата на фронтот и да се стави крај на убивањето“, кажа Мерц.

Тој истакна дека поддршката за Украина, која е во конфликт со Русија повеќе од четири години, сè уште останува „непоколеблива обврска“ за Германија.

Претходните преговори за прекин на конфликтот предводени од Соединетите Американски Држави не покажаа никакви резултати. Водечките европски земји сега бараат начин да ги рестартираат преговорите без да бидат оставени на маргините.

Меѓутоа, Москва постојано повторува дека не сака да преговара со Европејците и продолжува да инсистира на своите барања, вклучително и територијалните отстапки кои Киев постојано ги одбива.

Конференцијата за обнова на Украина ја организираат полскиот премиер Доналд Туск и неговата украинска колешка Јулија Свириденко. На конференцијата учествуваат и Европската Унија, Групата на седумте најразвиени западни земји (Г7) и други институции како што е Светска банка, како и бројни претставници на компании.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ