Како што се наведува во соопштението, членовите на работната група размениле мислења по доставените предлози од политичките партии, при што било констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен на консензус.
„Политичките партии во текот на утрешниот ден по електронски пат треба да се изјаснат за одредени предлози по што се очекува да се подготви законското решение кое ќе произлегува од усогласените решенија и ќе се достави во понатамошна процедура“, соопшти Министерството за правда.






