25-годишниот чувар на мрежата пристигнува од Вардар 1961, каде помина две и пол години и беше дел од генерацијата што ја освои шампионската титула и Купот на Македонија.
За Богдановски ова ќе биде нова соработка со Стојанче Стоилов, кој од ова лето ја презеде тренерската функција во Бутел Скопје. Кариерата ја започна во Металург, а потоа настапуваше и за Јуниор Кисела Вода, Голден Арт и Аеродром, пред во 2022 година да се пресели во Вардар.
Во новата сезона Богдановски ќе ја засили конкуренцијата меѓу стативите, каде ќе биде дел од голманската тројка заедно со Градимир Чаневски и Атанасиј Трсунов.






