четврток, 25 јуни 2026

Победнички крик во Лондон: Еве го последниот поен на Ѓорческа за место на Вимблдон (ВИДЕО)

Лина Ѓорческа испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис, откако за првпат обезбеди место во главниот турнир на Вимблдон.

Објавено на

часот

Сподели

Најдобрата македонска тенисерка во решавачкото квалификациско коло ја совлада Лусија Бронцети и го оствари најголемиот успех во својата кариера. По последниот освоен поен следуваа силни емоции. Ѓорческа падна на тревата и не можеше да ја сокрие радоста, свесна дека го исполни сонот за настап на најпрестижниот тениски турнир во светот.

Со овој успех таа стана првата македонска тенисерка што ќе настапи во главниот турнир на Вимблдон, достигнување што ќе остане запишано во историјата на македонскиот спорт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ