четврток, 25 јуни 2026

Иран го обвини НАТО за соучесништво во американско-израелската агресија

Иран денес го обвини НАТО за „соучесништво“ во „нелегалната војна на агресија“ која ја започнаа Соединетите Американски Држави и Израел против земјата. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багај реагираше на изјавите на генералниот секретар Марк Руте за Фокс њуз дека „500 американски авиони полетале од американските бази во Италија“ за да ја поддржат заедничката израелско-американска воена операција „Епски гнев“ што еднострано ја почнаа против Иран на 28 февруари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руте тврди и дека аеродромот во Букурешт ги намалил комерцијалните летови за да направи простор за полнење гориво на авионите што се користеле во операцијата и дека помеѓу 4.000 и 5.000 борбени летови на американски авиони биле извршени од европските бази за време на конфликтот.

„Ова е јасно и осудувачко признание за активното соучество на НАТО во нелегалната војна на агресија што се води против суверена земја членка на Обединетите нации“, напиша Багај на социјалната мрежа Икс. „Генералниот секретар на НАТО експлицитно ги идентификуваше Италија и Романија како учесници во агресијата против Иран“, нагласи портпаролот.

„Тие земји, заедно со сите други европски земји што ја поддржаа американско-израелската агресија против Иран, мора да им објаснат на сопствениот народ и на светот зошто одлучиле да станат соучесници во овој очигледен чин на агресија и извршување на масовни злосторства против иранскиот народ“, додаде тој.

Вчера Италија ги отфрли изјавите на генералниот секретар на НАТО дека стотици американски авиони полетале од италијанските бази за да поддржат воени операции против Иран, велејќи дека Рим одобрил само технички и логистички летови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ