Поради оваа причина, се разгледува можноста за намалување на военото присуство во Заливот и преместување на некои бази и операции подалеку на запад, а Израел се споменува како една од можните локации, пренесува Волстрит џурнал.
Според американскиот весник, анализата на сателитските снимки од 1 март го покажала обемот на штетата во поморската база на Петтата флота во Манама, главниот град на Бахреин, по иранските напади.
Поради тоа, САД сега размислуваат за обнова на базата, но и за намалување на своето воено присуство во Кувајт и Саудиска Арабија.
Целта е базите и операциите да се преместат кон запад, каде што би биле подалеку од иранските ракети и беспилотни летала.
Двајца функционери цитирани од весникот потврдија дека Израел е една од локациите што се разгледуваат за сместување на некои од овие бази.






