Холанѓаните ја остварија втората победа на Мундијалот, рутински ја совладаа селекцијата на Тунис која ги загуби сите мечеви на овој турнир.
Не поминаа ни осум минути, а Холандија веќе водеше со 2-0. Во третата минута Шири си постигна автогол, а четири минути подоцна Броби го зголеми водството за лалињата.
Немаше нов гол до 54. минута кога Мастури погоди и намали на 2-1, но брзо потоа, во 62. минута Ван Хеке ги постави конечните 3-1.
Јапонија вторпат во својата историја без пораз се пласира во нокаут фазата, првиот пат беше кога беа домаќини на турнирот.
Денеска одиграа 1-1 против Шведска. Поведоа со гол на Маеда во 56. минута, Швеѓаните израмнија преку Еланга шест минути подоцна.
Првото место во групата го освои Холандија со седум бодови, Јапонија е втора со пет, а Шведска има четири и како една од најдобрите третопласирани ќе оди понатаму. Тунис е последен без бодови.






