Клубот од Женева го потврди ангажманот на искусната македонска репрезентативка, која пристигнува со богато интернационално искуство и настапи во неколку од најсилните европски првенства.
Андонова зад себе има импресивна кариера во која ги носеше дресовите на Барселона, Пари Сен Жермен и Мадрид, а со трансферот во Сервет повторно ќе има можност да настапува во квалификациите за Лигата на шампионите.
Швајцарскиот шампион во новата сезона ќе се бори за место во главната фаза на најелитното европско клупско натпреварување.






