Според информациите од Министерството за внатрешни работи, таа на 25 јуни околу 15:20 часот во ОВР Гостивар пријавила дека пред три години партнерот ѝ нанел тешка телесна повреда, а на 18 јуни годинава повторно физички ја нападнал и упатил закани кон неа и кон нејзин пријател.
По добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена ловечка пушка која му припаѓала на неговиот покоен татко.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.






