петок, 26 јуни 2026

Скопјанец пријавен за дрога, полицијата пронашла амфетамин и метамфетамин

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.Б. од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пријавата ја поднела Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

Според информациите, на 13 јуни 2026 година околу 16:50 часот, на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, при извршен преглед кај Г.Б. биле пронајдени амфетамин, како и амфетамин помешан со метамфетамин.

По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ