петок, 26 јуни 2026

Муцунски-Кајзер: Словенија е принципиелен поддржувач на Македонија на европскиот пат

Во рамки на учеството на Дубровник форумот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тоне Кајзер, прва по неговото назначување на оваа функција.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што соопшти Министерството, била потврдена одличната билатерална соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји.

Двајцата министри се согласиле дека во периодот што следи ќе се работи на внесување нова динамика и натамошно унапредување на билатералните односи, потврдувајќи ја заедничката определба за продлабочување на соработката, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Посебно внимание било посветено на процесот на европската интеграција на Македонија, реформските процеси и потребата од кредибилен, предвидлив и на заслуги заснован пристапен процес.

Министерот Муцунски, како што се наведува во соопштението, ја нагласил посветеноста на Владата за спроведување на реформите и изразил благодарност за континуираната и принципиелна поддршка што Словенија ѝ ја дава на нашата држава на европскиот пат.

Соговорниците размениле мислења и за актуелните регионални и глобални безбедносни прашања, како и за натамошното унапредување на соработката во рамките на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ