Станува збор за 26 годишен лев бек, кој пристигнува со цел да ја зголеми конкуренцијата во одбранбената линија и да донесе дополнителен квалитет и искуство во тимот.
Верли кариерата ја почна во својата татковина Бразил, каде настапуваше за неколку клубови, а во изминатите години стекна и интернационално искуство, играјќи надвор од својата земја. Се работи за офанзивно ориентиран лев бек, кој покрај дефанзивните задачи често се вклучува и во нападот.
Од Шкендија Арачиново соопштија дека очекуваат Бразилецот да биде значајно засилување во пресрет на новата сезона, во која клубот ќе има високи амбиции.
„Добредојде во црвено црното семејство, Верли! Ти посакуваме многу успеси и победи во дресот на Шкендија“, порачаа од клубот.






